Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Електронски уреди за општинските основни и средни училишта

Општина Куманово, со сопствени средства од буџетот на Општината обезбеди електронски уреди – таблети за општинските основни и средни училишта. Преку Секторот за образование при Општина Куманово доделени се 620 електронски уреди- таблети за основните и средните училишта, а  со средства од Министерство за локална самоуправа на РСМ 40 се доделуваат на ученици Роми од училиштата, на трајно користење без надомест. Согласно вкупниот број на запишани ученици во учебната 2020/2021 година, училиштата, како приматели на движните ствари, ќе извршат пропорционална и рамномерна распределба на електронските уредиза учениците. Таблетите се наменети исклучиво за потребите на учениците, со цел развој,унапредување и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст