Еразмус+ проект “Интеграција на ИКТ и планирање на кариера” во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово
Во рамки на Еразмус+ проект кој беше завршен во изминатиот период, ученици и наставници од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово од 4 до 9 декември ќе бидат домаќини на гимназијалци и нивни наставници од Литванија.
Оваа посета е резултат на успешната соработка од нивниот акредитациски проект “Интеграција на ИКТ и планирање на кариера”.
По завршувањето на проектот е донесена одлука, гимназијалците од Литванија да ја посетат нашата земја, да присуствуваат на настава во СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, за да видат како се одвива воспитно – образовниот процес во РСМ.
Учениците од Литванија ќе присуствуваат на часови по хемија, италијански и германски јазик, ќе проследат повеќе презентации и видеа направени од учениците – домаќини.
Планирани се екскурзии до кањонот Матка, посета на културно – историските споменици во Охрид и прошетка низ Кумановскиот регион.
Во пригодна атмосфера учесниците на Еразмус+ проектот беа примени од претставниците на Секторот за образование во Општина Куманово.