Завршен настан во рамките на проектот “Поддршка на изборни реформи”
Согласно со проектот “Поддршка на изборни реформи”, кој се спроведува преку Национален младински совет на Македонија, а е поддржан од страна на СДЦ (Swiss agency for development and cooperation) и IFES (International foundation for electoral systems), на кој беа опфатени повеќе теми во истражувањата, се истакнува темата на иницирање на предлог решение за подобрување на локалниот механизам на реинтеграција на жртвите од семејно насилство. На оваа тема свое обраќање имаше Теодора Димитровска, имплементатор на проектот. На завршниот настан на споменатиот проект се обрати Мартин Крстиќ службеник за млади од општина Куманово, Соња Тодоровска член на комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите во Куманово, Александар Крстевски раководител на сектор за евроинтеграции во општина Куманово, Виолета Богдановска како претставник од МВР и претседател на ЛИДЕМ Димитар Ванчов.