Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна новата учебна година

По повод почетокот на новата учебна 2020/2021 година, Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска присуствуваше на свечен прием на првоодделенци во ООУ “Крсте Мисирков”-Куманово. Приемот се одржа со почитување на предвидените мерки за превенција од КОВИД епидемијата. Димитриевски на сите ученици им посака среќен почеток и успех во учењето. Оваа учебна година ја започнуваат 1143 првачиња и 1152 ученици во прва година средно образование.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст