Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Затворање на Детски ликовен камп “АСНОМ 2021”

Денеска во ресторан “Грација”-Куманово се одржа настан на затворање на
Детскиот ликовен камп “АСНОМ 2021”, кој традиционално, 11-та година
по ред се одржува во организација на Фондација за култура и спорт
Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на
општина Куманово. На Ликовниот камп учествуваа 27 ученици од
општинските основни училишта, од Дневниот центар за лица со
интелектуална попреченост “Порака наша”и Дневниот центар за лица со
посебни потреби. Оваа година учествуваа и 3 ученици-средношколци од
Куманово, кои учат во Државното средно училиште за ликовна уметност и
дизајн“Лазар Личеноски”-Скопје, како пример и дополнителна мотивација
на сите учесници. Учесниците твореа во повеќе техники: акрил на платно,
монотипија (графика), анимација и поп арт, под менторство на
професорите Симона Јакимовска и Елена Спасовска-Радошевиќ. Делата ќе
бидат изложени на биенална изложба, а потоа традиционално донирани
на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша”.
На настанот присуствуваше Градоначалникот на општина Куманово
Димитриевски, кој имаше свое обраќање и им додели благодарници на
учесниците и нивните ментори.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст