Здружение на пензионери Куманово домаќин на регионална “Ревија на музика, песни и игри”
Денеска во ресторан “Грација”-Куманово се одржа регионална “Ревија на музика, песни и игри” во организација на Сојуз на здружение на пензионери на Република Северна Македонија. Ова е традиционална манифестација, на која оваа година домаќин е Здружението на пензионери Куманово. Учество земаа членови на Здруженија на пензионери од општините: Чаир, Аеродром, Центар, Крива Паланка, Кратово и Куманово. Покрај претседателот на Здружение на пензионери Куманово, Благе Јакимовски и претседателот на Сојуз на здружение на пензионери на Република Северна Македонија, Станка Трајкова, свое обраќање имаше и Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.