Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Иднината им припаѓа на оние што се подготвени!”

Во рамки на кампањата за заштита од природни непогоди, претставници од Дирекција за заштита и спасување денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Куманово, на која ги презентираа активностите, како дел од кампањата која започна на први февруари и ќе трае до крајот на месецот.
Претставниците од Секторот за превенција, планирање и развој при ДЗС од денеска започнуваат со посета на општински основни и средни училишта, со цел информирање и едуцирање на учениците преку презентација и обука за заштита од природни непогоди и други несреќи. Во рамките на оваа едукативна кампања ќе бидат поделени флаери и семејни прирачници за подигање на свеста кај учениците за справувањето од елементарна непогода од секаков вид.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст