Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан единаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 26.03.2020 година (четврток)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

-Препорака до стопанственици и дистрибутери на автомати за кафе на
територија на Општина Куманово да се исклучат од употреба

– Препорака до правните субјекти (маркети, аптеки и слично) кои и
понатаму вршат опслужување на граѓаните во своите деловни простории да
започнат со зачестена дезинфекција на внатрешните простории

-Препорака до сопственици на банкомати на територија на Општина
Куманово да вршат зачестена дезинфекција на истите

– Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за
здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување
на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено
работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на
Општина Куманово

– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека
е потребен целосенкарантин на територија на Општина Куманово

 

Општина Куманово
Градоначалник,

____________________
Максим Димитриевски

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст