ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 23.03.2020 година (понеделник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
-Бараме од Владата на Република Северна Македонија да донесе препорака
(Одлука) за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со
поставување на контролни пунктови од страна на МВР на секој влез и излез
во градот, на кои воедно ќе се врши контрола и соодветна дезинфекција на
сите возила и патници, кои влегуваат во Куманово;
-Бараме од Владата на Република Северна Македонија да обезбеди поголем
број на тестови од вирусот COVID 19 и да отвори повеќе пунктови за
тестирање на лица;
-Зголемување на полициски час во времетраење од 18.00 до 06.00 часот;
-Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово да изврши дезинфекција во
сите влезови на станбени згради и ходници;
-Се задолжува ЈП Чистота и зеленило Куманово и се препорачува да бидат
затворени капелите во наредниот период, а погребување да се врши на
самото гробно место;
-Се бара од Општина Куманово да даде на користење четири возила на СВР
Куманово за нивни потреби, по претходно доставено барање од нивна страна.