Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ од одржан осумдесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 23.06.2021 година

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот од страна на присутните  беа споделени следниве информации:

  • На ниво на Општина Куманово до сега има вкупно вакцинирани 13 533 лица, од кои втора доза примиле 11 505 лица. Во тек е ревакцинација на останатите лица.

 

  • На состанокот од страна на ЦЈЗ Куманово беше споделена информација дека за граѓаните од идната недела покрај ПЦР тестови, ќе воведе и дополнителна услуга – брзи антигенски тестови за COVID-19, по цена од 800 денари наменети за патување во странство.

 

  • Граѓаните и понатаму да ги почитуваат сите мерки и препораки донесени од страна на Влада на Република Северна Македонија.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст