ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан педесет и шести состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 09.12.2020 година (среда)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на COVID состојбата. ОШЗС ја следи состојбата со ширење на вирусот на територија на Општина Куманово, ќе заседава редовно и препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19, донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.