ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумдесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување,на ден 06.04.2021 година(вторник)
Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID 19.На состанокот беа донесени следниве препораки,заклучоци и мерки:
-Се задолжува ОШЗС да обезбеди волонтери од администрација (општинска и од јавни претпријатија) кои ќе се вклучат во испомош на доставување на боци со кислород во ЈЗУ Општа болмица Куманово.
-Заради зголем број на заразени, особено млада популација и нивните семејства апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, како и да се намалат семејни и собири на отворено.