ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.05.2020 година (понеделник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). ОШЗС
Куманово врз основа на моментната епидемиолошка состојба со COVID 19 во
Општина Куманово се предлагаат следниве заклучоци.
Да се прекине со понатамошна дезинфекција на предходно определени
пунктови за возила освен на двата пункта кои патно ја поврзуваат Општина
Липково со Општина Куманово ( пункт Огрев и пунктот во Бедиње).
Да се прекине со понатамошна превентивна дезинфекција на колективните
објекти за домување и таа обврска да се пренесе на приватните субјекти
( стамбените домари) кои и до сега согласно законот се задолжени за грижа и
одржување на истите.
Да се прекине со понатамошна превентивна дезинфекција на јавните
простори и јавни површини во Општина Куманово, да се продолжи со редовно
миење на улиците со натриум хипохлорид по дефинаран план и динамика во
ЈП „Чистота и зеленило“.
Согласно предходните мерки предложени од страна на Владата на РСМ се
препорачува на Градоначалникот да ги врати во функција сите служби во
рамки на Општина Куманово како и во Јавните претпријатија за да се запази
функционалноста на општината и потребите на граѓаните.
Согласно барањата на предходно одржаниот состанок со претставници на
Локален економски совет како едно од приоритетни барања е за делумно
враќање на градскиот превоз за потреби на стопанството, препорачуваме до
Градоначалникот во консултација со Влада на РСМ во најскор можен рок да
излезе со предлог за реализација на горенаведеното барање.
Согласно предходно изготвената проценка за епидемиолошката состојба од
страна на Комисија за заразни болести и Министерство за здраство за
територија на Општина Куманово, бараме од Влада на РСМ во најитна
постапка да донесе соодветни мерки, протоколи и препораки за брзо
заживување на стопанските субјекти ( хотели, ресторани, кафеани, кафулиња,
занаетчиски дуќани и мали трговски единици) на територија на Општина
Куманово со јасни и прецизно детерминирани услови и насоки за начинот,
поставеноста и внатрешното уредување на функционалниот поростор во
истите.
Согласно препораките и уредбите на Влада на РСМ, информација до
граѓаните на територија на Општина Куманово дека се доллжни да носат
лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при
движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во
јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради
нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица
( државни институции, маркети, продавници, банки пошти, чекални,
здраствени институции и сл.)