ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 05.10.2020 година (понеделник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата.
Вкупно регистрирани позитивни случаи 1473;
Вкупно оздравени случаи 1164;
Вкупно починати лица 49;
Вкупно активни случаи 260.
Од предходните податоци евидентно е дека епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е сериозна и бараме и апелираме до граѓаните да се почитуваат сите мерки донесени од Влада на РСМ и Комисијата за заразни болести.