ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 25.09.2020 година (петок)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. На состанокот надлежните од институциите информираа за моменталната состојба со COVID 19, како и за активностите што треба да се превземат во наредниот период. Посебен акцент се стави на почетокот на учебната година, за состојбата во училиштата и протоколите за спроведување на наставата. Досега се набавени средства за дезинфекција и извршена е дезинфекција на училиштата за отпочнување на наставата со физичко присуство на учениците. На дел од училиштата од руралните средини им е обезбеден интернет за непречено одвивање на наставата. Градоначалникот истакна дека треба да се продолжи со редовно третирање на улиците во градот и делење на пакети на социјално најзагрозени граѓани.
ОШЗС препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерство за здравство и Комисија за заразни болести.