Известување Од одржан четириесет и четвртти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 02.06.2020 година (вторник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Барање до Комисија за заразни болести да разгледа дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациенти суспектни и потврдени од COVID 19, сметаме дека непридржување на протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во ЈЗУ општа болница Куманово и бараме да се упати апел до матичните лекари од Општина Липково да се придржуваат до протоколите заради поуспешно лекување на заболените и спречување на ширење на епидемијата од соседната општина во Општина Куманово.
- Поради новонастанатата ситуација и зголемен број на заболени од вирусот COVID 19 во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на ОШЗС Липково.
- Се задолжува директорот на ЈЗУ општа болница Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај во однос на хоспитализирани лица, број на третирани лица и излечени.
- Се задолжува ЦЈЗ Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај за број на позитивни случаи на територија на Општина Куманово и број на позитивни случаи на територија на Општина Липково, одделно, бидејќи бројката што се објавува во јавност е бројка што се води за Општина Куманово а всушност истата ги претставува бројките за позитивни случаи и за Општина Липково, како и број на извршени тестирања.
- Се задолжува Брза помош Куманово да достави информација за месец Мај, за колку лица има извршено транспорт и на која релација, за да ОШЗС има увид што се случува и во Општина Куманово и во Општина Ликово, по однос на транспорт на суспектни и COVID 19 позитивни пациенти.
ОШЗС Куманово го задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ со атомизер да продолжи со дезинфекција во ЈЗУ општа болница Куманово.