ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан шеесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.03.2021 година (четврток)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
- Се препорачува до сите трговски центри, угостителски објекти, маркети, банки, јавни институции да вршат зголемена контрола при влез и излез во објектот, задолжително користење на средства за дезинфекција и правилно носење и употреба на заштитна маска,
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.