Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од Сектор за даноци и такси при Општина Куманово

Општина Куманово ги информира граѓаните дека започна со дистрибуција на Решенијата за данок на имот за физички лица за 2022 година преку АД Македонска пошта .
Дистрибуцијата започна минатата недела и самата постапка би требало да заврши до крајот на наредната недела.

Општина Куманово се извинува на сите граѓани затоа што решенијата доцнат оваа година и граѓаните ги добиваат на крајот на годината.
Доцнењето е од причини што за првпат имаше тендерска постапка за поштенски услуги, затоа што државата и го одзема ексклузивитетот на АД Македонски пошти и самата постапка започна на 29.06.2022, па имаше жалбена постапка по која ДКЖЈН (Државна комисија за жалби по јавни набавки) не одговори во соодветни рокови и според нивната одлука се пролонгираше склучувањето на договорот за поштенски услуги , како би можеле да ги дистрибуираме решенијата на време, па договорот за поштенски услуги е направен во месец ноември.

Со оглед на новонастанатата состојба Општина Куманово ќе има разбирање и законскиот рок за наплата на побарувањата по основ на данок на имот за физички лица ќе го пролонгира до 15 февруари 2023 година, за решенијата за данок на имот за 2022 година кои сега ги добиваат даночните обврзници.
Сите даночни обврзници кои веќе го имаат платено данокот на имот за 2022 година нека не ги земаат во предвид решенијата кои ќе ги добијат на домашна адреса.

Сите даночни обврзници кои се сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот, а кои на својата адреса нема да добијат Решение за данок на имот за 2022 година до 15 декември се повикуваат да се обратат во просториите на Општина Куманово – Сектор за даноци и такси ,спроти Градскиот стадион, поранешна зграда на АД Козјак, канцеларија бр.3 и канцеларија бр.10 како би се информирале и консултирале за својата законска обврска.

Општина Куманово апелира до сите граѓани и фирми совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и истовремено ги повикува сите граѓани, односно сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот да го пријават или одјават имотот што е предмет на оданочување.

Секој корисник или сопственик на имот кој се оданочува е обврзан во рок од 15 дена од момент на стекнување на имотот, односно од добивање на употребна дозвола или впишување во Агенција за катастар на недвижности да го пријави во Општина Куманово, Сектор за даноци и такси. Доколку не го пријави, Општина Куманово ќе постапува согласно законските надлежности.

Своите обврски даночните обврзници можат да ги плаќаат и електонски, на новата дигитална платформа за електонска наплата на сајтот enaplata.kumanovo.gov.mk каде со снимање на матичен број на обврзник и регистрација преку меил ги има сите обврски за сите години, освен за решенијата за 2022 година кои исто така ќе се евидентирани за неколку дена откако ќе бидат дистрибуирани сите решенија а за тоа ќе добиеме подврда од АД Македонски Пошти Ад Скопје.

За сите нејаснотии и објаснувања во овој дел, граѓаните и правните лица можат да се обратат во просториите на Сектор за даноци и такси при Општина Куманово, поранешна зграда на АД “Козјак”, спроти градскиот стадион.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст