Известување
Агенцијата за катастар на недвижности ја започна постапката за адресен Регистар како единствен и авторитативен извор на адресна информација во Република Северна Македонија.
За таа цел ги информираме жителите на општина Куманово дека во период од 28.01.- 13.04.2020 година ќе се врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во сите населени места на територијата на општина Куманово.
Воедно, апелираме за соработка на жителите на општината со екипите задолжени за теренско прибирање на податоци, со цел непреченост, навременост и успешност во процесот на воспоставување на адресниот Регистар.