Известување
Во врска со воспоставувањето на нов режим на сообраќај на дел од улици во централното градско подрачје на општина Куманово, се известуваат граѓаните на Општината дека Согласно со Одлуката на Советот на општина Куманово, бр. 09-5364/6 донесена на 09.07.2021год., се менува режимот на сообраќај на следниве улици:
– Се воспоставува еднонасочен режим на сообраќај на дел од улица „Димитар Влахов”, од крстосница помеѓу улица „Димитар Влахов” и улица „Партизанска” во правец кон крстосница помеѓу улица „Димитар Влахов” и улица „Ленинова”, се
менува режимот на сообраќај од двонасочен во еднонасочен режим на сообраќај.
– Се воспоставува двонасочен режим на сообраќај на дел од улица „Ленинова”, од крстосница помеѓу улица „Ленинова” и улица „Иво Лола Рибар” до крстосница помеѓу улица „Ленинова” и улица „Димитар Влахов”, се менува режимот на
сообраќај од еднонасочен во двонасочен режим на сообраќај.
– Се воспоставува еднонасочен режим на сообраќај на крак од улица „Октомвриска револуција”, од крстосница помеѓу улица „Октомвриска револуција” и крак на
улица „Октомвриска револуција” (непосредно до станбен објект со адреса улица „Октомвриска револуција” бр. 32) во правец кон влезна сообраќајна лента од крак
на улица „Октомвриска револуција” кон улица „Октомвриска револуција”
(непосредно до станбен објект со адреса улица „Октомвриска револуција” бр. 20), се менува режимот на сообраќај од двонасочен во еднонасочен режим на сообраќај.
Согласно поставената вертикална патна сигнализација (сообраќајни знаци), нововоспоставениот режим на сообраќај ќе важи од 04.08.2021 година (среда)