Известување
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Куманово Ве известува дека рокот за поднесување на апликации од страна на граѓански организации за проектот (ReLOaD) е продолжен до 11.04.2018 година.
ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:
Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:
Општина Куманово
Улица: 11-ти Октомври бб
Поштенски број: 1300 Куманово
Крајниот рок за поднесување апликации е 11.04.2018, до 15:00 часот. Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање.” Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kumanovo.gov.mk) или/и на општинската огласна табла, и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org)