Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

 Известување

Ве известуваме дека почнувајќи од 16.05.2018г.(среда) до 18.05.2018 (петок) ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на Општина Куманово. Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот  да не се изврши поради неповолните  временски услови, истото се одложува за наредниот ден.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст