Изложба на дела од интернационална Ликовна колонија “Куманово 2021”
Вечерва во НУ Музеј-Куманово беше отворена изложба на дела од интернационалната Ликовнаколонија “Куманово 2021”, која е една однајстарите Ликовни колонии во нашата држава.Истата се спроведува под покровителство наградоначалникот и Советот на ОпштинаКуманово и Министерство за култура на РСМ, восоработка со НУ Музеј– Куманово, а вореализација на Фондација за култура и спорт.Повеќе од 30 ликовни дела на академски ликовни уметници ги поврзаа државите: РСМ, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Хрватска, докажувајќи дека ликовната уметност е одраз на возвишеното и универзалното. Таа ја одржува комуникацијата, негувајќи ги вистинските вредности на секоја држава. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски. Општина Куманово нема да застане во намерата и можноста преку областа на културата да се поврзуваме со различни народи и традиции, кои ќе донесат уште поуспешни соработки, нови културни манифестации и изложби.