Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изложба – “Убавите жени на мојот народ”

Изложба – “Убавите жени на мојот народ”

По повод меѓународниот ден на жената, 8 ми Март, беше поставена концептуална изложба на фотографии од авторот Славчо Максимовски, вечерва во Занаетчиски дом – Куманово.
Стиховите од песната “Убавите жени” на македонскиот великан Блаже Конески се мотив за создавање на делата, кои ја прикажуваат енергијата на жената во најразлични форми и состојби, од фиктивно до реално постоење.Изложбата ја збогатија учениците и наставниците од УОМО Панче Пешев – Куманово со изведба на светски музички хитови.Пред публиката ce oбрати претседателката на Советот на Општина Куманово.Културниот настан беше организиран со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово и Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст