Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изработка на Стратегија на Локален економски социјален совет Куманово 2021 -2025

Во период од 25/05 до 28/05/2021 година во Ресторан „Грација“- Куманово се реализираат работилници за изработка на Стратегија за Локален економски социјален совет Куманово 2021 -2025.  Стратегија на ЛЕСС на Општина Куманово ќе послужи како основа за креирање на локални политики во делот на: економија , бизнис опкружување и социјала.

ЛЕСС функционира како консултативно и советодавно тело во кое членуваат претставници од: Општина Куманово, Организација на работодавачи на Македонија , Сојузот на синдикати на Македонија, РСС Куманово, Агенција за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Куманово , ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи како и здруженија на граѓани.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст