Инклузивни паметни училници-пример за успешно изведување на образовниот процес во училиштата
Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на претставување на проектот “Инклузивни паметни училници”, во ООУ”Крсте Мисирков”. Со овој проект поставени се паметни екрани во 46 училници, каде настава посетуваат над 2000 ученици, со цел развивање на вештини за креативно размислување, преку користење на паметни екрани со едукативни апликации збогатени со 3Д реалност. Исто така со овој проект се интегрираат и четириесет ученици со посебни образовни потреби во редовната настава, преку можност за пристап до секоја инклузивна паметна училница.Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа, имплементиран од Центарот за развој на Североисточниот плански регион во соработка со ООУ”Крсте Мисирков“-Куманово и општината.