„Интернетот не е само игра. Кликај безбеднo”
Во ООУ „Крсте Мисирков„ денеска Градоначалникот Максим Димитриевски и министерот за Образование и наука Арбер Адеми, присуствуваа на едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра, кликај безбедно„, организирана од телекомуникацискиот оператор ВИП. Вториот циклус на оваа програма, која оваа година е предвидено да опфати дваесет училишта од различни градови, започнува токму од Куманово, односно од учениците од четврто одделение од ООУ„Крсте Мисирков„. Според извршниот директор на компанијата Мислав Галер, целтта на проектот е да се подготват децата уште од најмала возраст како подобро и попаметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивно континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење. Партнери на проектот се Министертсво за образование и наука, Биро за развој на образование и менаџментот и наставничкиот кадар на училиштето каде се реализираат предавањата.