Информативна средба со група земјоделци од Општина Куманово и регионот
Денеска во Сала на Совет на Општина Куманово (зградата на просториите на поранешен Комитет) се одржа средба со група земјоделци (производители), во рамките на проектот: „Одржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекугранична област во Опшина Гњилане и Општина Куманово“.
Проектот се имплементира во рамките на програмата: Cross-Border Cooperation Programme Kosovo – former Yugoslav Republic of Macedonia.
Главната цел на проектот е: Зголемување на продажбата и профитот на свежи земјоделски производи во Општина Гњилане и Општина Куманово преку организирање на напредни зелени пазари.
Средбата беше со цел земјоделците од Општина Куманово и регионот да се запознаат со можностите кои ги нуди проектот и неговото влијание.
Во проектот се предвидени обуки за производители на: овошје, зеленчук и млечни производи, обуки за претприемништво и социјални претпријатија, како и обука за грижа на корисници.
Покрај обуките вклучените земјоделци ќе можат да учествуваат на средби со претставници од мали и средни претпријатија, мобилни пазари и организирани прекугранични недели во Општина Гњилане. Во проектот ќе бидат опфатени 50 земјоделци од Куманово и регионот преку претходна селекција според критериуми поставени во проектот.
Ваквите средби во мали групи ќе се организираат и понатаму континуирано до крај на месец мај 2018.