Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кумановските спортисти со награди и признанија на државни и меѓународни натпревари

Денеска градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со спортисти од нашиот град, кои во изминатиов период се закитија со медали и признанија во повеќе спортски дисциплини. На средбата присуствуваа и претседателката на Совет на Општината и овластениот раководител на Сектор за култура,спорт,социјална заштита,заштита на децата и здравствена заштита. На Интернационалниот натпревар во бодибилдинг ”Паљо класик” нашите претставници Марио Петровски и Дарио Трајковски освоија златни медали. На Меѓународниот натпревар во прецизно слетување со едрилица спортистите освоија две награди. Во категоријата на професионалци во поединечна конкуренција, Ненад Давидовиќ од АК Куманово освои бронзен медал, додека во екипна конкуренција заедно со Бобан Милановски од истоимениот Аероклуб освоија сребрен медал. На Отвореното првенство на Македонија во тенис, млади тенисери Анастасија Арсовска и Алексеј Стојановски освоија златни медали во јуниорска конкуренција до 12 години. Димитриевски им честита на постигнатите успеси, посакувајќи им да ја продолжат спортската традиција преку напорни тренинзи и себевложување до нови и значајни спортски резултати.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст