Маскенбал „Батко Ѓорѓија“ 2019
На градскиот плоштад во Куманово денес се одржа традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ 2019. Настанот е дел од годишната програма за културни манифестации на општината која оваа година прославува 500 години постоење, а се реализира под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт на Општина Куманово. Пред многубројната публика продефилираа околу четириесет поединечни и групни маски со околу 1200 учесници.
На овогодинешниот маскенбал учествуваа сите детски градинки, основни и средни училишта, како и поединци , а гости со ревијално учество беа неколку маски од Струмичкиот карневал. Настанот беше проследен со богата културно-уметничка програма.