Меѓународен натпревар во кошарка – кадети
Градоначалникот Максим Димитриевски вечерва го отвори меѓународниот турнир во кошарка за кадети „Растеме заедно„. Овој турнир по седми пат се одржува во нашиот град, а домаќин е КК „Пинк Пантер„. Учество на турнитот ќе земат екипите од Македонија КК „Пинк Пантер„- Куамново, „МЗТ„ од Скопје и „КК Работнички„ од Скопје, како и КК „Игокеа„ и КК„Кош„од БИХ и КК „Цедевита„ од Хрватска . Натпреварите до недела кога е и финалето ќе се одржуваат во салата на СОУ „Перо Наков„.