Меѓународен натпревар во планински велосипедизам
Денеска во Куманово за прв пат се одржа меѓународен натпревар во планински велосипедизам. Осумдесетина велосипедисти од Македонија, Србија, Бугарија и Грција ја совладуваа патеката на локалитетот Студена вода во Куманово. Велосипедистите учествуваа во повеќе категории, елит мажи, елит жени, јуниори, кадети, мастерс и хобисти. Градоначалникот Максим Димитриевски беше дел од настанот.