Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓународна велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“

По повод празникот „11ти Октомври“ денеска во Куманово се одржа традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“.
Манифестацијата е во организација на Велосипедски клуб Вело-М Термалифт, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на ОпштинаКуманово.
Трката стартуваше од пред Спортска сала, а се одвиваше по булеварот „Октомвриска Револуција“ и „III Македонска Ударна Бригада“. Учество на истата зедоа 80 претставници од училишниот спорт и 50 деца од градинката „Ангел Шајче“, а на главната трка за професионални велосипедисти стартуваа околу сто учесници од велосипедски клубови во Македонија, Бугарија и Косово.
Манифестацијата која датира од самиот почеток на одбележувањето на празникот „11ти Октомври“, годинавајаотвори Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, а присуствуваше и Градоначалникот на Општина Прилеп – Илија Јовановски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст