Национален 3-дневен саем “Наша” во Општина Гњилане
Претставници на општинска администрација заедно со претседателот на Занаетчиска комора на РСМ присуствуваа на Националниот 3-дневен саем “Наша” во Општина Гњилане. На тркалезната маса присуствуваа градоначалници на Општините: Тетово, Гњилане и Каменица, заменик градоначалник на Прешево, ректор на Универзитетот во Гњилане, претставници на бизнис секторот од РСМ и Косово. Присутните дискутираа за можностите, кои им се нудат на Општините на полето на економијата, како и за недостиг на стручен кадар, кој е неопходен за секое општествено поле на делување.