Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам
Денеска градоначалникот Максим Димитриевски имаше свое обраќање на работен состанок со Единиците на локалната самоуправа за имплементирање на национална стратегија за спречување на насилен екстремизам и Акцискиот план,кои се одржа во ресторан „Грација„. Состанокот е организиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а во соработка со Националниот Комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и Министерство за внатрешни работи. Целтта на средбата е дискусија за предизвиците и предностите во имплементација на Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам и Акцискиот план како и улогата на Локалните совети за превенција во спречување на оваа појава.