Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

На 27.12.2017 година (среда) ќе се одржи четвртата седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

 

  1. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2018 година;
  2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за периодот Јули – Септември 2017 година;
  3. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2018 година;
  4. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2017 година;
  5. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2018 година;
  6. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2018 година;
  7. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2017 – 30.09.2017 година;
  8. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2018 година;
  9. Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година;
  10. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2018 година;
  11. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.04.2017 – 30.06.2017 година;
  12. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2017 – 30.09.2017 година;
  13. Работна програма за 2018 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  14. Предлог – Решение за давање согласност на Правилникот за начинот на стекнување и распределба на средствата во ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
  15. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворен базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2018 година;
  16. Годишна програма за 2018 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
  17. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2018 година;
  18. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2018 година;
  19. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2018 година;
  20. Предлог – Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
  21. Предлог – Одлука за формирање на заедничка комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлог – договорот за остварување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
  22. Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлог – договорот за остварување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
  23. Предлог – Програма за развој на социјалната заштита во Општина Куманово 2018 – 2021;
  24. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година;
  25. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз за 2018 година;
  26. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
  27. Предлог – Одлука за отворање на група во други просторни услови за вршење на дејност на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово во село Младо Нагоричане – Општина Старо Нагоричане ;
  28. Предлог – Акционен план за енергетска ефикасност на Општина Куманово за 2018 година;
  29. Предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2018 година;
  30. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Куманово;
  31. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2018 година;
  32. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
  33. Предлог – Одлука за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граница на градежен реон на град Куманово;
  34. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување ‘‘Куманово – паркинг‘‘ Куманово;
  35. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти “Куманово – гас” Куманово;
  36. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2018 година;
  37. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2018 година;
  38. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2018 година;
  39. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2018 година;
  40. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2017 година;
  41. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2018 година.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст