Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Нови можности и отворени видици за граѓаните на Куманово

Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски и Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја посетија индустриската зона во м.в.Новини, с.Речица.Градоначалникот Димитриевски, на стопанствениците од Општина Куманово им ги претстави замислата и предностите кои се добиваатсо реализирањето на овој значаен проект, како нови можности, кои ќе донесат и нови вработувања за граѓаните. Се потенцираше дека ова е најголема индустриска зона во Општина Куманово, која ќе се развива со сопствени средства и поддршка од Владата на Р.С.Македонија и која ќе привлече голем број на фирми, преку развивање на големи трговски единици.

Премиерот Заев им се обрати на присутните, со цел да ги претстави и потенцира идеите и намерите од страна на Владата на Република Северна Македонија,за оваа индустриска зона, како голем потенцијал, кој ќе донесе поволностиза граѓаните.Беше истакната поддршката од државата за Куманово, со повикување на стопанствениците да инвестираат на оваа локација,од причина што стопанството е една од најзначајните гранки за развивање и просперитет на нашите граѓани.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст