Дедо Мраз на мотор
По повод Новогодишните празници, за сите дечиња од нашиот град, на Градскиот плоштад се одржа културен настан, во организација на Мото клуб Мечки Куманово, чии членови беа Дедо Мразовци на мотор, на огромна радост на присутните дечиња.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски им се обрати на присутните, посакувајќи им Среќна Нова 2020 година.
На настанот настапија ученици од повеќе општински училишта од градот.