Новогодишни пакетчиња
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја продолжи својата традиција пред Новогодишните празници да ги посети институциите кои се занимаваат со работа со деца од ранливи категории. Прва година без директна средба со децата, но честитките, пакетчињата и препораките за тоа како да се однесуваат децата и возрасните за време на празниците во овој Ковид период од име на општината ги предаде Дедо Мраз. Новогодишни пакетчиња беа однесени на децата без родители во општината, дневен центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша, Дневни центар за лица со посебни потреби, Детското одделение на ЈЗУ Општа болница Куманово, во Здружение за глуви и наглуви и деца од ромската заедница.