Новогодишни пакетчиња за корисниците на Дневните центри за лица со попреченост
Денеска од името на Општина Куманово градоначалникот Димитриевски,
во чест на Новогодишните празници традиционално ги посети
институциите, кои работат со лица од ранливи категории. Во придружба
на Дедо Мраз беа поделени новогодишни пакетчиња на корисниците на
Дневен центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша и
Дневниот центар за лица со попреченост-Куманово.