Нулта толеранција за неправилно паркирање
Денеска градоначалникот Максим Димитриевски одржа редовниот работен состанок во својот кабинет со претставници од СВР, АРМ, и ЈП „Куманово Паркинг„. На состанокот беше договорено заеднички да се спроведе проект за правилно паркирање на јавните површини и тротоари. Нулта толеранција за неправилно паркирани возила на местата каде што не е дозволено.