Објектот “Синоличка” со проширен капацитет
Денеска Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и Министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го посетија објектот “Синоличка”, кој е составен дел на Јавната општинска установа Детска градинка“Ангел Шајче”-Куманово.Целтана посетата бешезавршената изградба,односно градежно-занаетчиски работи и опремување надоградениот делна објектот.Извршена е промена на капацитетот преку изградба на нов дел со приземје, поврзан со стариот дел на објектот.