Оглас за прибирање на понуди (Екскурзии-ООУ ,,Магдалена Антова”)
ОГЛАС
ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИЈА НА УЧЕНИЦИ
1.НАБАВУВАЧ
– ООУ”Магдалена Антова”од Куманово ул”110” бр.5 Куманово -1300 тел.076 211 362;
Лице за контакт: Жарко Димитријевиќ – директор, тел: 071 208 397
Дополнителни информации , Програмите за екскурзиите и Образецот на Понуда може да се добијат лично од 08,00 часот до 14,00 часот на горната адреса
2.ПОНУДУВАЧИ
Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:
- Да е регистриран согласно позитивните прописи во РМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
- Да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии во последните 3 години;
- Да ги исполнува условите за превоз на групa деца согласно Законот за безбедност на саобраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групa деца;
- На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 5% од вкупна вредност на договорот.
Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.
- ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ ПОНУДУВАЧОТ
– Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност,согласно позитивни прописи на РМ,
-Потврди на понудувачот дека во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии
-Документ за превоз на група деца,согласно Законот за безбедност на саобраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групa деца.
-Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци , а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот;
- ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
–предмет на набавката е делив и тоа :
- Изведување на тродневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX одделение од 30 мај до 01 јуни 2018 год.
- Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одделение од 22 до 23 мај 2018 год.
- 3. Изведување на еднодневна екскурзија во Крушево за ученици од III одделение на 23 мај 2018 год.
-Вид на договор : Услуги со одложено плаќање.
- КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
–Најниска цена по ученик
- РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
– Понудите треба да се доставуваат во рок од 5 работни дена од последното објавување во двата весника во архива или по пошта на адреса ООУ”Магдалена Антова”ул.”110”бр.5 1300-Куманово.
– Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај”, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.
Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, Училиштето не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.
– Период на важноста на понудите: до 10.06.2018 година
Отварање на понудите ќе биде спроведено од страна на Комисијата за прибирање на понуди за изведување на ученички екскурзии.
Комисија за прибирање на понуди за
изведување на ученички екскурзии