Одбележана 75- годишнината од излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред
Сојузот на борци Куманово, денеска ја одбележа 75- годишнината од излегувањето на јадрото на кумановскиот партизански одред кој се приклучил кон борбите од НОБ. Одредот е создаден на 26 јуни 1943 година. На местото познато како Цекова Бавча, свежо цвеќе положија борците, членовите на Сојузот на борци, претставници на Советот на Општина Куманово, членови на Здружение на армиски и полициски ветерани и децата од детската градинка „Ангел Шајче“.