Одбележани 77 години од ослободувањето на Куманово
Денеска Општина Куманово одбележува 77 години од своето ослободување и 502 години постоење. По тој повод традиционално се одржа Свечена академија на Општина Куманово во Националната установа Центар за култура “Трајко Прокопиев”. На свечениот настан се обрати градоначалникот на Општината Димитриевски. Беше претставена видео презентација за постигнувањата на Општината во изминатиот едногодишен период. Оваа година Ноемвриската награда не беше доделена, поради тоа што не е одржана конститутивната седница на новоизбраниот состав на Советот на Општина Куманово, во чија надлежност е изборот на претседател и членови на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот, надлежна за доделување на наградата. Градоначалникот Димитриевски од свое лично име додели благодарници и плакети на истакнати поединци и правни лица, кои дале свој придонес за развојот на градов во различни општествени сфери.