Одбележан празникот 11 Ноември
На Спомен Костурница, споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна, денеска во Куманово беше одбележан 11 Ноември-Денот на ослободување на градот. Борците, Градоначалникот, Советници, претставници од МВР и АРМ,политички партии и здруженија на граѓани, се поклонија и положија цвеќе на споменикот.Настанот беше организиран со пропишаните мерки и протоколи за заштита од корана вирусот.