Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележување на празникот „11 Октомври”

Утре (недела) во 11:00 часот, по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ,на Спомен Костурница во Куманово, во организација на Владата на Република Северна Македонија, под слоганот „Честит 11 Октомври, секогаш слободни!“ ќе се одржи свеченост во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести. Свеченоста е без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.

Со цел почитување на препораките за заштита од коронавирусот КОВИД-19, бројот на учесниците во настаните, кои ќе се случуваат без традиционалната културно-уметничка програма и без собири на граѓани, е ограничен.

.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст