Одржан работен состанок на Локалниот совет за превенција
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на работниот состанок на тема “Запознавање на општествените чинители со Акцискиот план за превенција и спречување на насилен екстремизам”, во организација на Локален совет за превенција, Општина Куманово, Отсекот за превенција при СВР Куманово и Мрежата на силни градови.
Во своето обраќање Димитриевски истакна дека секое вложување во воспитно-образовниот процес се враќа многукратно, со цел зачувување на безбедноста во заедницата.
Присутните беа запознаени со стратешките цели и активности од планот, кои во наредниот период ќе се реализираат. Се промовираше локалниот Акциски план за превенција и спречување на насилен екстремизам, а воедно беше спроведена и првата стратешка цел од планот.