Одржан семинар „Стратегиски комуникации и дигитализација на јавната администарција“
Претставници на Секторот за урбанизам од Општина Куманово учествуваа и добија сертификати на семинар на тема „Стратегиски комуникации и дигитализација на јавната администарција“организиран од страна на Центар за научна размена и едукација во Скопје. Семинарот има за цел да им помогне на државните, локалните и јавните институции како полесно и навремено да дадат услуги и да претставуваат ефикасен сервис за граѓаните. Современиот начин на комуникација, дигитализација и модернизација на технологијата треба да се користи во служба на поедноставување на алатките со кои граѓанте брзо и едноставно ќе пристапува до податоците и информациите со кои располагаат институциите. Општина Куманово за оваа година има предвидено средства во буџетот за воведување на Географски информационен систем (ГИС) со кој се планира целосно дигитализирање на урбанистичко-планската документација со која располага Општината. На тој начин се планира да се олесни и забрза процесот со кој граѓаните ќе доаѓаат до податците за урбанистичките планови и непосредно да го олесни процесот за добивање на одобрение за градење.“