ООУ „Браќа Миладиновци“ прославува 65 години постоење
ООУ „Браќа Миладиновци“ прославува 65 години постоење
Претседателот на Советот на Општина Куманово денеска присуствуваше на прославата по повод 65 години постоење на Основното училиште „Браќа Миладиновци“. Училиштето е едно од најстарите во Куманово и со својата работа започнало во 1953 година. По тој повод, во Спртската сала во Куманово беше одржана свеченост со богата културно – уметничка програма во која учествуваа околу 1200 ученици од прво до деветто одделение.